290
Баерн Минхен го доживеа првиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите, Баварците загубија од Виљареал.
Единствениот регуларен гол на мечот беше постигнат уште во осмата минута кога по една убава акција Данџума погоди за водство на Виљареал од 1-0.
Мрежата на Мануел Нојер се затресе и по вторпат, Кокелан постигна убав гол, но му беше поништен поради офсајд.
Баерн Минхен останува фаворит во овој двомеч и покрај поразот, но со овој резултат Виљареал си ги зголемува шансите за полуфинале.