Вилијан сака да се врати во Челси?

by
1 минути читање

Вилијан потпиша
за Арсенал, но овој потег веројатно и на обете страни се покажа како погрешен,
откако 32 годишниот Бразилец на 25 настапи за „Топчиите“ запиша еден гол и пет
асистенции, а не одигра ништо посебно на теренот.

Искусниот
Бразилец во целост влезе во сивилото на Арсенал кој забележа доста лоша сезона
во Премиерлигата, а како што известува „Скај Спортс“, тој наводно посакува да
се врати во Челси и да игра под кормилото на Томас Тухел.

Како за
потсетување, ланското лето Вилијан си замина од Челси по цели седум години
минати во тој клуб, и тоа без обештетување бидејќи му беше истечен договорот, а
Челси не му го понуди тоа што тој го посакуваше, договор на три години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×