Вилијан не е како Умтити, Кутињо и многу други, Бразилецот се откажа од преку 20 милиони

by
1 минути читање

Голем гест на Вилијан, Бразилецот му заштеди околу 20 милиони фунти на Арсенал. Офанзивниот фудбалер и „топчиите“ подолго време бараа начин за крај на соработката, и денеска го раскинаа договорот на взаемна согласност.

Вилијан не побарал ниту една фунта од „топчиите“ иако му следува милионско обештетување бидејќи има уште две години од договорот според кој добива неделна плата од 240.000 фунти.

Се говори дека директорите на Арсенал останале зачудени, бидејќи ретко кој фудбалер се откажува од пари, особено од 20 милиони фунти.

На пример Самуел Умтити не сака да замине од Барселона бидејќи на ниту едно друго место нема да ја добие платата што ја заработува на Камп Ноу, па Французинот преферира да седи на клупа и да не игра, но да има милиони на сметка. Слична е ситуацијата и со Филипе Кутињо, и уште многу добри фудбалери.

Што се однесува до Вилијан, тој ќе се врати во родниот Бразил и ќе потпише за Коринтијанс, каде ќе има 70% помала плата од онаа која ја добиваше до сега во Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×