Рома влезе како голем фаворит против Викторија Плзен, но доживеа пораз на свој терен со 1-2, Нотингем форест со 2-0 беше подобар од Порто во денешното дерби од Лига Европа.
Во првото полувреме Рома за две минути прими два гола. Аду во 20. минута носи водство на Плзен од 1-0, а Суаре во 22. минута зголеми на 2-0.
Рома не можеше да се опорави од шокот. Конечно во 54. минута Дибала погоди од пенал за 1-2. Волчицата навидум се врати во игра, но не успеа да постигна уште некој гол и да се спаси од пораз.
Нотингем форест под водство на Шон Дајч почна да победува. Со головите на Гибс Вајт во првото и Игор Жесус во второто полувреме со 2-0 го совладаа Порто.
Од другите поинтересни мечеви во Лига Европа, Селта со 2-1 ја победи Ница, Феенорд со 3-1 славеше над Панатинаикос, Динамо Загреб во судиското продолжение се спаси од пораз кај Малме, мечот заврши 1-1.