Викендов ќе нема фудбал во Македонија, новите протоколи го одложија колото

by
1 минути читање

Викендов ќе нема
фудбал во Македонија, новите прогоколи го одложија колото. Како дел од новиот
сет мерки за справување со пандемијата на коронавирус, на сила стапува Општиот
протокол за организирање на спортски натпревари кој налага задолжително
тестирање пред секој меч и тоа на трошок на клубовите.

Па комисијата за
натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека е одложено
11-то коло во Првата лига, односно 10-то коло во двете Втори лиги.

„Комисија за
натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека
поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и
стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10.
коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020.
(сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за
одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ
– Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“
– гласи известувањето на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани