169
Во својот „Бобо ТВ“ твич, зборувајќи со поранешните негови фудбалски колеги Антонио Касано, Даниеле Адани и Никола Вентола, Виери го испофали Лукаку.
„Доколку Лукаку играше за Баерн Минхен ќе постигнеше исто толку голови колку и Левандовски. Но Лева не би постигнал толку голови колку Лукаку ако играше во Интер“, вели Виери.
„Мислам дека Лукаку е подобар од Хари Кејн“.
За разлика од Виери, Касано не само што не го велича Лукаку, туку тој смета дека Лаутаро Мартинез е петпати подобар од Белгиецот.
„Тој е микс меѓу Карлос Тевез и Серхио Агуеро. Не можете да го споредувате Лукаку со овие двајца чудовишта“, вели Касано.