Артуро Видал
потврдува дека му се приклучил на Интер најмногу поради Антонио Конте, а
Чилеанецот е убеден дека „Нероаѕурите“ ќе бидат во конкуренција да освојуваат
трофеи со италијанскиот фудбалски стратег на клупата.
„Го одбрав Интер
бидејќи овој клуб има сериозен проект и тренер кој секогаш сака да победува“
вели 33 годишниот Видал кој повторно соработува со Конте откако обајцата
претходно беа дел од Јувентус.
„Овој тим стигна
до финалето од Лига Европа ланската сезона, фудбалерите се гладни за успеси, овој
состав има се’ што е потребно
за да постигне нешто важно на повисоко ниво, а сега и јас сум тука“ додаде
Чилеанецот.
„Како и да е,
тука сум најмногу поради Конте, имавме три години успешна соработка во
Јувентус, а тоа беше незаборавно искуство, и тој исто така е среќен што
соработува со мене, разговаравме многу летото, а клубот стори се’ што беше можно да се стори за да дојдам
тука“ заклучи Видал.
Понатаму, во
интервјуто за „Кориере дело Спорт“, Чилеанецот објаснува дека бил среќен во
претходниот клуб Барселона, но работите се промениле во клубот по што одлучил
да си замине, во однос на овосезонските настапи во Лигата на шампионите, Видал
уверува дека Интер ќе прогресира во нокаут фазата, и покрај фактот што по три
кола немаат ниту една победа, а се последни со 2 бода во група „Б“ каде лидер е
Борусија Менхенгладбах со 5, па следат Шахтар со 4, исто колку што и Реал
Мадрид.