887
Фудбалерот од
средниот ред на Интер, како и поранешен член на Барселона, односно соиграч на
Лионел Меси, Артуро Видал му честиташе на Аргентинецот откако го израмни
рекордот на сите времиња во составот на Каталонците за 767 настапи.
Меси почна од
првата минута против Хуеска, а со тоа го израмни рекордот на настапи кој стоеше
зад името на Чави Ернандез, неговиот поранешен соиграч и капитен.
„Уште еден рекорд
за мојот брат, Лео Меси ти си господар на фудбалот, најдобриот, единствениот,
магичниот“ напиша Видал кој ланското лето се пресели од Барселона во Интер.
„Сигурно ќе
продолжил да уриваш и други рекорди, ти си уникатен, ти испраќам огромна
прегратка“ додаде Чилеанецот во пораката на социјалните мрежи.