Вест која ја потврдува довербата на Манчестер јунајтед во Солшер

by
1 минути читање

Десната рака на
Оле Гунар Солшер во Манчестер јунајтед, односно негов асистент во стручниот
штаб, Мајк Фелан потпиша нов договор со клубот од „Олд Трафорд“ со кој се
обврза на верност со истиот до 2024 година.

Фелан претходно
му асистираше на Алекс Фергусон од 2008 до 2013 година, а си замине откако
легендарниот тренер на „Црвените ѓаволи“ се пензионираше, но се врати во
декември 2018 година, во ист период со назначувањето на Солшер за нов шеф на
стручниот штаб.

Многумина во оваа
вест увидоа потврда за довербата која Манчестер јунајтед како клуб ја има во
Оле Гунар Солшер, за кого изминатиов период низ повеќе медиуми кружат разни
шпекулации околу неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани