Вест Хем ќе се раздели со четворица ветерани на крајот на сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите Арон Кресвел, Владимир Цоуфал, Дани Ингс и голманот Лукаш Фабијански си заминуваат од Вест Хем на крајот од сезоната, потврди лондонскиот клуб.

Кресвел (35), Цоуфал (32) и Фабијански (40) беа дел од златната генерација на „чеканите“ која во 2023 година ја освои Конференциската лига, втор европски трофеј во историјата на клубот по Купот на победниците на купови од 1965 година.

Полскиот чувар на мрежата пристигна на „Лондон стадиум“ во 2018 година и одигра вкупно 215 натпревари во сите конкуренции.

Левиот бек Кресвел беше член на тимот цели десет години, откако пристигна од Ипсвич во 2014 година. Во тој период запиша 365 настапи и постигна 11 гола.

Цоуфал, кој го засили Вест Хем во 2020 од редовите на Славија Прага, одигра 144 натпревари, но не успеа да се запише меѓу стрелците.

Напаѓачот Дани Ингс пристигна веднаш по европскиот триумф, но по само две сезони и 69 настапи (5 гола), и тој ќе ги напушти редовите на Вест Хем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани