Вест Хем го доби „Ел сакико“, победата му ја посветија на Антонио (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Вест Хем

Вест Хем освои важни три бода откако дома го совлада Вулверхемптон со 2-1, победата беше посветена на Микаел Антонио, кој изминатиов викенд беше инволвиран во страшна сообраќајна незгода.

Лопетеги и О’Нил беа под огромен притисок во пресрет на денешниот натпревар, па медиумите пресметката помеѓу Вест Хем и Вулверхемптон ја најавија како „Ел Сакико“, меч кој ќе значи отказ за некој од двајцата тренери.

„Чеканите“ на крајот славеа со 2-1 и се чини дека Лопетеги ќе добие додатно време да ги оправи работите, а О’Нил ќе добие „клоца“.

По мирно прво полувреме, резултатот беше отворен во 54. минута, Соучек најдобро се снајде по еден корнер и ја затресе мрежата за 1-0.

Вулверхемптон изедначи преку Доерти во 69. минута, но Вест Хем веднаш одговори, Боуен мајсторски пласираше за 2-1 во 72. минута од мечот.

Двата гола на домаќините, како и победата, беа посветени на Микаел Антонио, кој изминатиов викенд беше инволвиран во страшна сообраќајна незгодна и кого го чека долга пауза поради повредите кои ги заработи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани