160
Големото засилување
за Челси во новата сезона, Тимо Вернер признава дека се соочува со потешкотии
во адатапцијата во Премиерлигата, откако претходно настапуваше за германски
Лајпциг.
„Премиерлигата е
за нијанса различна во однос на првенството во кое претходно настапував,
потешко е од што и самиот замислував“ изјави Вернер.
„Контактот во ова
првенство е потежок отколку во Германија, ова е нешто што јас го очекував,
меѓутоа дефинитивно не на ваков начин“ додаде германскиот напаѓач.
24 годишниот
Вернер генерално на 29 настапи за „Сините“ од Лондон запиша 14 погодоци, но
истовремено и 5 асистенции досега во сите конкуренции.