299
Во првиот дел не беше досуден пенал врз Вернер иако според многумина тоа беше настрога казна, но во вториот дел беше досуден пенал по фаул врз него. Тој постигна два гола, но и двата му беа поништени, првиот поради офсајд, вториот поради игра со рака.
„Првото полувреме беше слика за целата моја сезона. Бев блиску, но не успеав. Мислам дека ова е најнесреќната моја сезона во кариерата. Бев во офсајд, па не ми досудија чист пенал, па сакав да ја удрам топката со глава, ја удрив со рамо…“ вели Вернер.
„Но и да немате среќа кога ќе стигнете до финалето од Лигата на шампионите и можеби ќе се пласирате во ЛШ за следната сезона, се е во ред“.