383
Мечот меѓу Вест Хем и Челси беше директен дуел за пласман меѓу четирите најдобри, тимот на Томас Тухел извојува многу значајна победа.
Клучниот момент се случи во 43. минута кога по асистенција од Чилвел, Вернер постигна гол за победа на Челси од 1-0.
На десет минути пред крајот Балбуена доби црвен картон, Вест Хем остана со фудбалер помалку.
До крајот Челси имаше повеќе шанси за поголема победа отколку Вест Хем за израмнување.