Вернер ќе му го сврти грбот на Лајпциг кога најмногу ќе им треба, нема да игра во ЛШ за побрзо да отиде во Челси

by
1 минути читање

Лајпциг се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но Тимо Вернер ќе се откаже од можноста да игра на завршниот турнир во Лисабон со цел побрзо да отпатува во Челси.

Челси и Вернер постигнаа договор според кој Германецот ќе има плата од 180.000 фунти неделно. Англискиот клуб на Лајпциг ќе му плати околу 60 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула за фудбалерот.

„Билд“ тврди дека Вернер одлучил да не игра за Лајпциг во Лигата на шампионите, туку веднаш откако ќе заврши со обврските во Бундеслигата да се пресели во Челси.

Лајпциг се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако го елиминираше Тотнем. Според повеќето големи медиуми УЕФА утре треба да соопшти дека во текот на август во Лисабон ќе се одржи фајнл-ејт турнир како завршница во ЛШ, но на него нема да настапи Вернер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×