Вернер даде гол, Челси го победи Саутемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси поведе уште во деветата минута од мечот со гол на Чалоба. Во 41. минута Вернер постигна гол, но му беше поништен поради офсајд.

Во 61. минута Саутемптон успеа да го изедначи резултатот со погодок на Ворд Праус. Истиот фудбалер во 77. минута доби црвен картон.

Седум минути подоцна Вернер го врати водството на Челси, а Чилвел во 89. минута ги постави конечните 3-1.

По овој триумф Челси се качи на врвот на табелата во Премиерлигата и таму ќе остане ако Ливерпул не успее да го победи Манчестер Сити утре.

Лидс со 1-0 го победи Ватфорд, Вулвс со 2-1 беше подобар од Њукасл, Барнрли и Евертон одиграа без голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани