„Тутоспорт“ пишува дека Масимо Алегри би требало да го преземе кормилото на ПСЖ, а тоа ќе отвори можност за сензационална трампа.
Пјаниќ веќе е подготвен да го напушти Јувентус, тој сака трансфер во Барселона, но двата клуба не можат да се договорат. Каталонците го нудат Артур, тоа е прифатливо за италијанскиот клуб, но фудбалерот не сака да го напушти Камп Ноу.
Интерес за Пјаниќ има и од ПСЖ кој ниту играч кој тешко дека ќе може да се одбие, Марко Верати.
Се верува дека Верати би сакал да се врати во Италија, но пред некој ден медиумите од Шпанија пишуваа дека Пјаниќ сака трансфер во Барселона и на ниту едно друго место.
Доколку со некоја богата понуда ПСЖ го омекне ставот на Пјаниќ, тогаш би можело да се случи една ваква интересна размена на играчи со Јувентус.