Верати: Не знам што се случи, и играчите на Барса ми кажаа дека се е завршено по голот на Кавани

by
2 минути читање

Барселона одлично
го започна вчерашниот реванш против ПСЖ, Суарез погоди веќе во 3. минута, а
Курзава си постигна автогол пред финишот на првиот дел за 2-0 на полувреме.

Домаќините потоа
постигнаа уште еден брз гол на стартот од вториот дел преку Меси и беа на добар
пат да ја анулираат предноста од 4-0 на ПСЖ од првиот натпревар.

Но едно мало
невнимание во одбраната, Кавани го претвори во гол во 62. минута и го замолкна
Камп Ноу.

Тоа дополнително
им ја отежна работата на „Каталонците“ на кој има беа потребни три гола за
чудо.

Избраниците на
Луис Енрике не се откажаа, Нејмар погоди два пати во 88. и 91. минута, за Серхи
Роберто во 95. минута да донесе историски кам-бек и лудило на Камп Ноу.

„Барселона
заслужи да оди понатаму
– вели Марко Верати. „Немавме многу простор за игра, за додавања.
Премногу притискаа во првиот дел. Во второто полувреме заигравме малку подобро
.

„По голот на
Кавани бевме посмирени
.

„Разговарав со
играчите на Барса, тие ми кажаа дека се е завршено
.

„Не знам што се
случи во финишот. Не можам да објаснам како примивме три гола за седум минути
.

„Таков е
фудбалот. Овој натпревар никогаш нема да го заборавам. Се надевам на сите ќе им
служи како лекција
.

„Сега треба да
најдеме сила да се опоравиме од овој шок. Сите сме тажни. Загубивме со 6-1,
судијата не е виновен. Ние играчите сме први виновници
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани