Англија –
Италија, тоа ќе биде големото финале од актуелното Европско првенство по кое ќе
се дознае победникот на турнирот, а репрезентативецот на „Аѕурите“, Марко
Верати во пресрет на таа пресметка се чини дека фаворитската улога му ја довери
на противникот.
„Англија се
физички многу посилни, но исто така имаат фудбалери кои се и технички добри со
топката, тие заслужено се дел од финалето, но и ние сакаме да победиме“ рече
Верати.
„Тие имаат некоја
предност во овој дуел, за нив ова ќе биде остварување на сонот доколку победат,
да се игра на таков голем стадион ќе биде мотивација и за нас, но и ќе ни
донесе сила со таа атмосфера“ додаде Италијанецот кој го коментираше пеналот
кој го доби Англија против Данска, по кој „Гордиот албион“ дојде до триумфот и
обезбеди финале.
„Јас не би го
досудил тоа за пенал, тоа беше исклучително важен гол, сето тоа им донесе
победа, би рекол дека тоа беше „дарежлив“ момент“ подвлече Верати кој имаше и
пофалби на сметка на Рахим Стерлинг кој игра фантастично на ова Европско
првенство.