Поранешниот тренер на „топчиите“, Арсен Венгер вели дека Ливерпул е супер фаворит за титулата во Премиерлигата и додава дека треба да се случат две работи за Арсенал на крајот да се радува на шампионскиот трофеј.
Се чини дека Арсенал е единствениот конкурент на Ливерпул за титулата во Премиерлигата оваа сезона, и со +7 на врвот на табелата, „црвените“ имаат се во свои раце.
„Едноставно е, Ливерпул мора да изгуби неколку натпревари за Арсенал да има шанси“ – вели поранешниот тренер на „топчиите“, Арсен Венгер.
„Но по 25 одиграни натпревари, Ливерпул загуби само еднаш. Треба да изгубат барем три натпревари во последните 13 кола, и би рекол дека има мали шанси за тоа“.
„Да, ако Ливерпул се распадне, можат да изгубат доста бодови… но до сега загубија само еднаш. Па тие се супер фаворити“.
„За Арсенал да биде шампион, Ливерпул ќе треба да испушти доста бодови, а и Арсенал ќе треба да има перфектна серија“.
„Се молам ова да се случи, но по се изгледа ќе треба малку повеќе да се молам“.