Венгер побара УЕФА да разгледа едно правило и ги понижи Манчестер јунајтед и Тотнем

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот стратег на Арсенал, Арсен Венгер, изрази несогласување со правилото според кое освојувачите на Лига Европа добиваат директно место во Лигата на шампионите. Францускиот тренер, кој сега е активен во ФИФА како директор за глобален развој на фудбалот, смета дека овој привилегиран пат не е праведен, особено кога станува збор за клубови од силни лиги како англиската Премиер лига.

Во моментов, Манчестер јунајтед и Тотнем се борат за пласман во финалето на Лига Европа што ќе се игра на 21 мај во Билбао. И двете екипи имаат предност по првиот полуфинален меч, но истовремено се далеку од позициите што носат пласман во Европа преку Премиер лигата, јнајтед е 15-ти, а Тотнем 16-ти на табелата.

Правилото на УЕФА, кое беше воведено во 2014 година, овозможува освојувачите на Лига Европа директно да се пласираат во групната фаза на Лигата на шампионите, но Венгер смета дека тоа треба да се преиспита.

„Не, според мене, тие би требало автоматски да се квалификуваат за Лига Европа, но не и за Лигата на шампионите. Посебно кога станува збор за Премиер лигата, каде што веќе има пет места за пласман во ЛШ.“, изјави Венгер за „БеИН Спортс“ „

Изјавата на Венгер доаѓа во време кога УЕФА размислува за натамошни промени во системот на натпреварувањата, а дебатата околу праведноста и логиката на квалификациите за ЛШ станува сè поактуелна.

Фото: Arsenal/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани