Арсен Венгер по
цели 22 години минати во Арсенал реши да се повлече од тој клуб, а неговото
место го наследи Унаи Емери, постоеа многу шпекулации поврзани за иднината на
Французинот а тој веќе одговори на истите.
„Верувам дека
повторно ќе почнам со работа од први јануари, не знам се уште каде, се
чувствувам одморен и подготвен за работа“ рече Венгер.
Се шпекулираше
дека Венгер би можел да биде спортски директор на ПСЖ, а наводно за неговите
услуги е заинтересиран и Фенербахче во чии редови настапува нашиот Елиф Елмас, Французинот
сепак истакна дека интерес за неговите услуги постои од сите страни на светот,
а не ја исклучи ниту Јапонија како опција која посебно ја издвои.
„Постојат понуди
од репрезентации, би можело на крајот да биде Јапонија, за 22 години во Арсенал
стекнав големо искуство на едно мошне високо ниво, постои интерес од сите
страни на светот“ додаде тој.