Венгер им порача на фановите на Арсенал нешто што не сакаат да го слушнат: Бидете како навивачите на Тотенхем!

by
1 минути читање

Арсенал и оваа сезона е ист како и претходните, тимот е далеку од борбата за титулата, има 12 бода помалку од лидерот Челси, дури им е загрозена и четвртата позиција.

По поразот на домашен терен од Ватфорд, се зголеми бројот на незадоволни фанови на Арсенал кои повеќе бараат оставка од Венгер отколку што му даваат поддршка на тимот.

Стратегот на Арсенал ги повика сите навивачи да застанат зад клубот, но можеби одбра погрешен пример за споредба. Тој побара да бидат како фановите на Тотенхем кој е најголем „непријател“ на топчиите.

„Нашите фанови се конзистентни и имаат високи очекувања исто како и јас, но не не мислам дека можете да бидете навивач до вторник а потоа да не му давате поддршка на тимот, тоа нема смисла“ – вели Венгер.

„Сите други клубови, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, имаат големи очекувања и големи истории. Ние се бориме и треба да бидеме обединети, во спротивно немаме шанси“.

„Го имате Тотенхем исто така, сите навивачи се зад нивниот тим, треба и ние да го следиме тој пример. Дури и ако имаме два разочарувачки резултати по ред сакам фановите да застанат зад тимот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани