Симеоне го спаси Атлетико Мадрид од пораз против Виљареал! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Атлетико Мадрид одигра само 2-2 на домашен терен против Виљареал, домаќините можеа и да загубат, но Џовани Симеоне даде гол во финишот за реми.

По мирното прво полувреме во кое немаше голови, последниот половина час од мечот донесе многу возбудувања.

Резултатот го отвори Пубил кој во 59. минута донесе водство за Атлетико Мадрид од 1-0.

Седум минути подоцна Морено од пенал изедначи на 1-1.

Во 76. минута Атлетико Мадрид остана со играч помалку, Ле Норманд направи прекршок за пенал и доби црвен картон, Микаутадзе реализираше од белата точка за комплетен пресврт и водство на Виљареал од 2-1.

На пет минути до крајот Џовани Симеоне даде гол за конечни 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×