Поранешниот
легендарен тренер на Арсенал, Арсен Венгер ги предводеше „Топчиите“ во периодот
од 1996 до 2018 година, а самиот Французин размислувал и претходно да го
напушти кормилото на Премиерлигашот од Лондон.
Венгер признава
дека почувствувал голема промена во клубот откако во истиот пристигнал актуелниот сопственик Стан
Кроенке во 2007 година, што придонесе и за преселба од легендарниот „Хајбери“
на „Емирејтс“.
„Хајбери беше
мојата душа, а Емирејтс моето страдање“ рече Венгер.
„Веднаш увидов на
фактот дека ќе биде многу потешко бидејќи почнавме со проект од 200 милиони
фунти, кој воедно можевме да си го дозволиме, а тој заврши на 428 милиони фунти“
додава Французинот.
„Клучната поента
се случи во 2007 година, тоа беше првиот момент кога можев да ја почувствувам
тензијата во бордот на директори, бидејќи Дејвид Дејн (поранешниот косопственик и потпретседател на Арсенал) имаше договор да го
донесе Стан Кроенке, а јас бев во средината помеѓу тоа да бидам лојален
на клубот, или да бидам лојален на Дејвид“ подвлече Венгер.
„Претходно
губевме фудбалери со над 30 години, а потоа ги губевме на 25 години, да
работите во клуб со рестрикции во ресурсите, а истиот да го одржувате на ниво
каде ние можевме да ги исплаќаме долговите, од 2006 до 2015 година… лично
сметам дека го сторив најдоброто“ дециден е тој.
„Се идентификував
целосно со Арсенал, а тоа беше грешка за која жалам, но во моментов немам
некоја посебна причина да одам таму, можев да бирам каде да заминам, мојата мана беше фактот што премногу го засакав местото каде што бев, можев да бидам селектор на Франција, или
на Англија во три ситуации, на два пати имав понуди од Реал Мадрид и Јувентус,
имав можност да бидам тренер и на ПСЖ, па дури и на Манчестер јунајтед“ нагласи
Венгер.