Голем дел од навивачите на Арсенал го губат трпението со Арсен Венгер и бараат тој да замине од клубот. Тимот има повремени одлични периоди, но киксови кои не му дозволуваат да се бори за трофејот во Премиерлигата.
Синоќа Арсенал загуби на свој терен од Ватфорд, па повторно се актуелизираше прашањето дали Арсен Венгер треба да замине од клубот.
Актуелниот договор на Венгер со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона и се уште е нејасно дали тој ќе го продолжи или ќе си оди од клубот во кој е од далечната 1996 година.
Поранешната ѕвезда на Арсенал, Реј Парлоу кој беше дел од најуспешните години на Арсен Венгер, смета дека стратегот ќе замине доколку сезоната заврши лошо.
„Тој ќе знае доколку не оствари добра работа сезонава и мислам дека ќе си оди“ – изјави Парлоу.
„Не би одел во хиерархијата на клубот, мислам дека ќе се врати во Франција“.
„Не мислам дека сака да биде дел од бордот на Арсенал, тоа не е работа за него“.
Арсенал има девет бода заостанување зад Челси на кој му гостува во следното коло.