72
Сите
репрезентативки на фудбалската селекција на Венецуела во женска конкуренција се
потпишаа на соопштението за јавноста во кое го обвинија поранешниот селектор
Кенет Зерамета за сексуално вознемирување и злоставување.
„Одлучивме
да го прекинеме молкот и да ја откриеме вистинската слика за поранешниот
селектор, кој во периодот додека ја
обавуваше таа фукнција физички и психички ги малтретираше фудбалерките и
сексуално ги злоставуваше“ стои во
нивната објава на социјалните мрежи.
Најпознатата
фудбалерка на Венецуела и членка на Атлетико Мадрид, Дејна Кастељанос
истовремено обелодени и дека нејзина колешка од националниот тим и признала
дека Зерамета сексуално ја злоставувал на 14 годишна возраст.