180
Интер направи +5
на врвот на табелата откако вечерва во последните мигови стигна до победа над Венеција. Гостите имаа огромни проблеми, поради ковид-19 беше неизвесен
натпреварот, но и покрај тоа што имаа голем број на отсутни играчи, храбро одиграа
на Џузепе Меаца и поведоа со голот на Анри во 19. минута.
Избраниците на
Инзаги се вратија во игра во финишот на првиот дел, Барела се најде на право
место и една одбиена топка ја смести во мрежата за 1-1 во 40. минута.
Во вториот дел,
Интер продолжи да притиска, гостите одлично се бранеа но потклекнаа во 90. минута,
Џеко скокна највиско по една нафрлена топка и со глава го матираше Лецерини за
2-1 и огромно славје.