Венеција не можеше до ново изненадување, Интер дојде на бод до Милан и Наполи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Венеција покажа
дека пред своите фанови може да им ги помати сметките на фаворите, славеше во
дуелите со Фиорентина и Рома, но вечерва не можеше ништо против актуелниот
шампион.

Интер без многу
проблеми стигна до триумф од 0-2, ги однесе трите бода и се доближи на минус
еден во однос на Милан и Наполи.

Резултатот го отвори
Чалханоглу, Турчинот прецизно биеше од 25 метри за 0-1 во 34. минута од мечот.
„Нероаѕурите“ потоа пропуштија неколку добри шанси за победата да биде
потврдена длабоко во судиското надополнување. Судијата со помош на ВАР покажата
на белата точка а Лаутаро Мартинез реализираше за 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани