Утре македонскиот првак
Вардар го игра реванш мечот против Шкупи во осминафиналето од националниот Куп
на Ммакедонија, откако во првиот ремизираше со 1-1 како домаќин. Реваншот, исто
како и првиот меч, се игра на стадионот во Ѓорче Петров.
Дарко Велковски,
фудбалерот на Вардар најавува атак на победа на реваншот против ривалот.
„Последен
натпревар за нас оваа година која што беше успешна, и на тој начин сакаме да ја
завршиме. Утре ни претстои реваншот од Купот против Шкупи во меч во кој што
сигурно ќе атакуваме на победа и на пласман во следната фаза од Купот. Нашите
амбиции се и освојување на Купот сезонава и поради тоа ќе дадеме максимум да
оствариме резултат за следната фаза“ вели
дефанзивецот на црвено-црните.
„Знаеме
дека мораме да дадеме гол после оние 1:1 од првиот меч и мислам дека можеме да
дојдеме до тој погодок. Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас. Во секој
случај ќе одиме на триумф како и на секој натпревар. Добро е што овој меч ќе се
игра на подобар терен од оној на Чаир, затоа што таму игравме во првенството
и навистина немаше услови за играње на натпревар“ додаде Велковски.
Мечот се игра со почеток
од 13 часот а победникот од овој двобој во четвртфиналето ја чека Шкендија.
Извор/Фото-вест:
fkvardar.mk