Ковид-19 кризата
силно ја погоди Барселона и направи огромна дупка во буџетот, па
минатото лето не само што немаше пари за трансфери, клубот го напушти првата
ѕвезда Лео Меси.
Барселона сепак
овој месец направи голема инвестиција и го купи Феран Торес од Мначестер Сити за 55
милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Велат една ластовичка
не ја прави пролетта, но на денешната презентација на Шпанецот, Жоан Лапорта
испрати порака.
„Сите во светот
нека бидат подготвени, повторно сме големи играчи на пазарот. Барселона се
враќа“ – порача претседателот на клубот од Камп Ноу.
Запрашан какви се
шансите за ангажман на Ерлинг Халанд, тој рече: „Се е можно кога се работи
добро. Убеден сум дека се добро ќе се заврши“.
„Сите големи
играчи сакаат да дојдат во Барселона. Се подобруваме и се е можно. Работиме на
уште неколку зделки овој месец, а подготвуваме и терен за трансфери по крајот на
сезоната“.