156
Ватфорд цели на
трет тренер сезонава откако денеска потврди дека се разделува со довчерашниот
тренер Клаудио Раниери кој загуби 11 од вкупно 14 натпревари предводејќи го
тимот.
На Островот
наведуваат дека отказот за 70 годишниот Италијанец се најавувал уште пред еден
месец, а сето тоа кулминирало со последниот пораз од директниот ривал за
опстанок во елитното друштво, Норич, на свој терен со убедливи 0-3.
Токму Ватфорд и
Раниери му пресудија на Оле Гунар Солшер за негов отказ на клупата на Манчестер
јунајтед по убедливата победа од 4-1 на свој терен во ноември.