192
Шефилд јунајтед останува само со бод по 11 одиграни натпревари во Премиерлигата, малку фалеше да останат непоразени против Лестер, но тоа не се случи.
Лестер поведе со гол на Перез во 24. минута, но две минути подоцна Мекбруин изедначи на 1-1.
Се чинеше дека со тој резултат и ќе заврши мечот, но во 90. минута, Медисон одлично додаде до Варди кој излезе еден на еден со голманот на Шефилд и не погреши, постигна гол за победа од 2-1 на Лестер. При прославата го скрши корнер знаменцето и доби жолт картон.