Варди објасни зошто го зема свирчето на судијата и свирна

by riste
1 минути читање

Необичен момент се случи на мечот меѓу Лестер и Саутемптон во кој главната улога ја имаше Џејми Варди.

Во еден момент судијата се повреди и падна на теренот, Варди му го зема свирчето и свирна. Видеото стана вирално, речиси и да немаше некој кој не го виде.

Сега напаѓачот објаснува зошто го сторил тоа.

„Го видов судијата како лежи, а Саутемптон тргна во офанзива. Знаев дека треба некој да ја прекине играта, па јас свирнав“, објасни Варди.

Варди на овој меч го постигна својот 199. гол за Лестер. Тој ги игра своите последни натпревари за овој клуб за кој стана најголема легенда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани