Варди дебитираше во Премиерлига на 27 години, а има повеќе голови од Роналдо, Дрогба, Суарез, Лукаку, Ван Нистелрој…

by bojan
1 минути читање

Џејми Варди по 13 години го напушта Лестер и става крај на една од најубавите фудбалски бајки, Англичанецот има интересна приказна со која ги освои симпатиите на неутралните фудбалски фанови.

„Лисиците“ попладнево соопштија дека Џејми Варди заминува по крајот на сезоната, па по 13 години завршува една од најубавите фудбалски бајки.

За разлика од другите ѕвезди, Џејми Варди преку повеќе аматерски тимови, каде игра за минимални примања, пристигнува во Лестер во 2012, и во 2014 дебитира во Премиерлигата со 27 години.

Не сака да види теретана и тегови, и се „билда“ со Ред Бул и кафе, а овој рецепт се покажа како мошне успешен.

И покрај тоа што дебитираше во Премиерлигата на 27 години, има постигнато повеќе голови од звучни имиња како Кристијано Роналдо, Дидје Дрогба, Луис Суарез, Ромелу Лукаку, Руд ван Нистелрој и многу други.

На вечната листа, Џејми Варди во моментов е на 15. место со 143 погодоци, а од актуелните фудбалери во Премиерлигата, повеќе има само Мохамед Салах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани