116
Вардар ги пушти билетите во продажба за европскиот дуел со Ла Фиорита, натпревар кој ќе се одигра на 10 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Најтрофејниот македонски клуб ги почнува настапите во квалификациите за Конференциската лига, а ривал ќе му биде тимот од Сан Марино. Првиот меч е закажан за среда, со почеток од 20:30 часот.
Билетите се достапни преку мрежата на МкТикетс, а нивната цена се движи од 100 до 300 денари.
Реваншот со Ла Фиорита ќе се одигра една недела подоцна, на 17 јули.