Вардар во последните секунди се спаси од пораз во Струга, Шкендија ја победи Ренова, прв триумф за Беласица (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Струга Трим Лум водеше со 2-0 против Вардар, но на крајот црвено-црните дојдоа до реми од 2-2, буквално во последните секунди од мечот Блажевски од слободен удар постигна гол, трагичар е домашниот голман Урош Ѓуриќ.

Претходно Струга ТЛ со голови на Цветаноски и Цаке имаше водство од 2-0, а Мицевски од пенал пред самиот крај на првото полувреме намали на 2-1.

Шкендија со 3-1 го доби дербито со Ренова и сега е осамена на врвот откако Шкупи не триумфираше, одигра реми кај Работнички.

Со голови на Љума и Кривак Шкендија водеше со 2-0, Селмани од пенал намали на 2-1, а Ибраими исто така од пенали ги постави конечните 1-3.

Станковски му донесе водство на Работнички против Шкупи, но гостите со погодоци на Адеми и Нето направија комплетен пресврт. Сепак Шаркоски постигна гол за конечни 2-2.

Беласица ја оствари првата победа оваа сезона откако со 2-1 победи кај градскиот ривал Академија Пандев.

Домаќините водеа со гол на Стоилов, но Беласица со погодоци на Митевски и Сулев дојде до трите бода.

Борец со два гола на Ристовски и еден на Десниќ со убедливи 3-0 го победи Пелистер.

Утре се игра натпреварот меѓу Силекс и Македонија Ѓорче Петров.

Табела:

1. Шкендија 25

2. Шкупи 23

3. Македонија ЃП 19

4. Борец 19

5. Струга Трим Лум 16

6. Силекс 14

7. Работнички 13

8. Вардар 13

9. Пелистер 12

10. Ренова 8

11. Академија Пандев 7

12. Беласица 5 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани