Вардар има нерешен резултат од 1-1 по првото полувреме на мечот против Розенборг на домашен терен,
во рамките на шестото, последно коло од групата „Л“ во Лига Европа.
Црвено-црните добро го
почнаа мечот, а голот дојде во 9. минута, најнапред Николов испрати топка кон
казнениот простор на гостите, истата ја прифати Итало кој одлично се загради и
ја смести во голот на Розенборг.
Итало можеше да го
дуплира водството на нашиот претставник во 23. минута, по една брза и убава
полуконтра, Бразилецот сепак не погоди по асистенцијата на Николов од страна, а
гостите се спасуваа. Веднаш по ова, од корнер Новак биеше прецизно со глава, но
неговиот обид со крајни напори голманот на Розенборг го расчисти а топката
притоа удри и во дирекот.
Повторно Бразилецот
имаше прилика, овој пат во 27. минута, но неговиот удар повторно го намачи
Хансен кој за негова среќа ја расчисти и оваа опасност кон неговиот гол.
Во продолжението од
мечот до крајот на полувремето, избраниците на Чеде Јаневски
за жал не го сочуваа водството, а израмнувачкиот гол дојде по грешка на Барсегјан кој сакаше да врати назад, на таа топка налета Адегбенро.
Гачевски го „сруши“ Нигериецот а главниот арбитар оправдано покажа на белата точка, од која сигурен реализатор беше Никлас Бендтнер.
Вардар: Гачевски, Демири, Новак, Грнчаров, Муслиу, Николов, Глигоров,
Блажевски, Фелипе, Барсегјан и Итало.
Мечот на „Националната
Арена Филип Втори“ во Скопје го суди украинскиот арбитар Серхи Боико.