Вардар со пенал по ВАР реакција во 100. минута го доби Силекс! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Со гол од пенал во последните моменти, Вардар славеше победа над Силекс во дербито од ПМФЛ со 2-1.

Вардар, охрабрен од големата победа над Шкендија во претходното коло започна офанзивно и уште на самиот старт ја презеде иницијативата. Таквата игра брзо вроди со плод и во деветтата минута Омерагиќ се најде во идеална позиција која ја искористи и го постигна својот трет гол во сезоната за 1-0.

Но, Силекс не се откажа по примениот гол. Тимот од Кратово реагираше брзо и преку Хрвановиќ стигна до израмнување, откако тој одлично ја искористи топката во шеснаесетникот и го матираше Талески.

До крајот на натпреварот следеше отворена игра на двете страни, со повеќе шанси за Вардар, кој најмногу се закануваше преку Роџерс Мато кој стана херој дури во последните моменти од средбата. Кога се очекуваше двете екипи да ги поделат бодовите, ВАР реагираше, Вардар доби пенал кој Мато го претвори во гол.

Во следното коло „црвено-црните“ ги очекува ново дерби, овојпат во Битола против Пелистер, додека Силекс ќе патува во Струмица на дуел со Брера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×