129
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со засилувања за новата сезона, а најново име во црвено-црниот табор е талентираниот Димитар Данев.
Данев, кој доаѓа од Работнички, стави потпис на четиригодишен договор со клубот од Скопје. Младиот фудбалер минатата сезона одигра 30 натпревари во дресот на Работнички во Првата македонска лига, при што постигна еден гол и запиша две асистенции.
Покрај Данев, Вардар денеска официјализираше уште едно засилување,Варен Тчимбембе, фудбалер кој доаѓа од редовите на француски Мец, клуб кој настапуваше во Лига 2.