Вардар ремизира со Напредак во Словенија

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар одиграа нерешени 2-2 против Напредак Крушевац на последниот подготвителен натпревар во Словенија.

Црвено-црните одиграа натпревар во кој тешко создаваа шанси пред голот на противникот, додека српскиот прволигаш знаеше како да ги искористи грешките во одбраната. Напредак во првото полувреме успеа да стигне до двојна предност. Сепак, во продолжението Вардар со головите на Закариќ и Дурански успеа да дојде до егал.

Ова беше петти контролен натпревар за Вардар во рамки на словенечките подготовки. Претходно, македонскиот тим оствари победи против Будуќност (3-0) и Рапид Букурешт (1-0), но загуби од Марибор (5-0) и Олимпија Љубљана (2-0).

Подготовките продолжуваат, а во таборот на Вардар сигурно ќе се анализираат слабостите пред стартот на новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×