Вардар пропаѓа, фудбалерите добија слобода да си бараат нови клубови

by
1 минути читање

Вардар повторно е на амбисот, клубот го тресе голема криза, а не беше многу одамна кога го постигна најголемиот успех во историјата, пласманот во групната фаза од Лига Европа.

Денеска на фудбалерите им било кажано дека се слободни да си бараат нови клубови, бидејќи Вардар не може да ги подмири обврските кон нив.

Самсоненко пред неколку месеци најави дека си заминува, тој ќе потпише со фудбалерите нотарски гаранции дека до крајот на годината ќе ги исплати долговите кон нив, но иднината на клубот е неизвесна.

Вардар сега повторно е во рацете на градот Скопје, но со долг од околу три милиони евра. 

Бугаринот Благој Георгиев беше надежта дека Вардар ќе се спаси, тој два пати беше на состанок во Скопје за превземање на клубот, но разговорите завршија неуспешно.

Вардар ја освои титулата, во составот имаше талентирани фудбалери кои можеше да ги продаде и да врати голем дел од долговите, но раководството не на нивото на името и реномето на клубот а тоа ги донесе црвено-црните до дното.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани