Вардар поведе, па Шкендија ја наполни неговата мрежа

by
2 минути читање

Дуелот меѓу Вардар и Шкендија кое е големо дерби, оваа сезона е меч меѓу две екипи со сосема различен квалитет. Вардарци се обидуваат да играат и да парираат, но битката за опстанок ќе биде исклучително тешка.

Вардар денеска одлично почна, Мирчевски во 11. минута постигна убав гол за водство од 1-0, но до крајот на првииот дел Рамадани израмни на 1-1, а потоа Ибраими од пенал погод за комплетен пресврт и водство од 2-1.

По четири минути игра во второто полувреме Ибраими постигна нов гол за водство од 3-1, а до крајот на мечот реализираа и Дориев, Хебај и Елези за конечни 6-1.

Слично како и Шкендија, само не толку убедливо победи Шкупи на гостувањето кај Силекс. Кратовскиот тим поведе со гол на Каракамишев во 15. минута, а потоа чаирскиот тим направи пресврт за три бода, Рутубаје, Диак Ламине и Реџиналдо ги постигнаа погодоците за Шкупи.

Академија Пандев дојде до важни три бода против Струга ТЛ, победи со 1-0 со гол на Велиновски во 29. минута и излезе од опасната зона.

Работнички се спаси од пораз на гостувањето кај Беласица. Струмичкиот тим имаше водство од 1-0 со гол на Гуџуфи во 18. минута, Петкоквски на минута пред крајот изедначи на 1-1.

Македонија Ѓорче Петрорв со гол на Чарлестон во 93. минута дојде до победа кај Ренова од 2-1. Домаќините поведоа со гол на Шефити во 16. минута, израмни Алексовски во 36. минута.

Утре се игра последниот натпревар од колото, Борец го пречекува Пелистер.

Табела 24. коло:

1. Шкендија 53

2. Шкупи 46

3. Македонија ЃП 41

4. Струга ТЛ 34

5. Работнички 33

6. Борец 32 (-1)

7. Пелистер 28 (-1)

8. Академија Пандев 28

9. Вардар 27

10. Силекс 26

11. Ренова 24

12. Беласица 14

Фото: ФК Шкендија

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани