84
Во декември 2018,
беше донесе одлука да се исфрли Вардар во следното европско натпреварување под
капата на УЕФА за кое клубот од Македонија ќе избори пласман во следните две
сезони (2019/20 или 2020/21).
Казната сепак
беше условна и на „црвено-црните“ им беше даден рок да ги подмират долговите
кои ги имаат до 31. јануари.
Сопственикот
Сергеј Самсоненко го стори тоа и ги достави доказите до УЕФА, па денеска од Нион
пристигна информација дека Вардар куртули од казна.
Сепак, ова е џабе бидејќи Вардар не доби лиценца од ФФМ за настап во Европа па
следната сезона нема да се појави во квалификациите од Лига Европа.