Вардар ја победи и Академија Пандев и се одлепи на врвот

by
1 минути читање

Мечот меѓу првиот и вториот на табелата му припадна на Вардар, црвено-црните беа подобар противник од Академија Пандев и заслужено дојдоа до уште една победа.

Клучниот момент се случи на пет минути до крајот на првото полувреме кога по прекршок над Жуниор судијата покажа на белата точка. Аврамовски го реализираше пеналот за водство на Вардар од 1-0, што се покажа и како конечен резултат.

И Силекс славеше со 1-0, го победи Работнички благодарение на убав гол на Жеравица во 26. минута.

Ренова со 2-1 го победи Борец. Домаќините поведоа во 16. минута со гол на Селмани, Борец изедначи во 83. преку Христов, но четири минути подоцна Гафури погоди за победа на Ренова.

Македонија со два гола на Божиновски победи на гостувањето кај Струга ТЛ.

Синоќа Шкупи со 2-0 ја совлада Шкендија.

По осум одиграни натпревари Вардар се одлепи, има четири повеќе од Академија Пандев, и дури девет пред Шкендија која е на шестото место.

Табела:

1. Вардар 19

2. Академија Пандев 15

3. Македонија ЃП 14

4. Ренова 13

5. Шкупи 12

6. Шкендија 10

7. Силекс 9

8. Струга ТЛ 8

9. Работнички 7

10. Борец 5

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани