Вардар има нови дресови за дербито со Пелистер (ФОТО)

by
1 минути читање

Комитите во изминатиот период спроведоа акција и успеаа да соберат одредени финансиски средства со кои колку толку му помогнаа на клубот.

Тие не треба да бидат главниот спонзор, но во овој период за жал никој друг не му помага на Вардар.

Од утрешниот меч Вардарци ќе носат дресови од компанијата „Јома“, а на предната страна е логото на „Комити“.

Утре Вардар со почеток од 15 часот му гостува на Пелистер во вечното дерби. Бодовите се многу значајни за опстанок на тимот.

Фото: Кочо Сотировски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани