Вардар и Струга ќе играат за трофејот во Купот на Македонија

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар и Струга ќе ги одмерат силите во финалето на Купот на Македонија откако денеска не дозволија пресврт во реванш дуелите со Брера и Шкендија.

Вардар работата ја заврши уште во првиот натпревар со триумфот од 3-0, па денеска тешко можеше да се поверува дека струмичкиот клуб може да направи некаков пресврт.

Се играше 34. минута кога Брера дојде до водство со голот на Јанкуловски и со предност од 1-0 заминаа на полувреме. Ако имаше мала неизвесност истата беше отстранета во 58. минута кога Талевски погоди за 1-1.

Со истиот резултат заврши и средбата Струга Шкендија, па така триумфот од 2-1 на актуелниот шампион од првиот натпревар беше доволен да закаже финале со Вардар.

Фото: Struga FC/Vardar FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани