Денеска со натпреварот помеѓу овогодинешните финалисти во Купот на Македонија, Вардар и Струга започнува 31. коло во ПМФЛ.
Бардар ја пречкува и ќе се обиде да ја продолжија добрата серија со која по лошиот старт на сезоната веќе ја обезбеди главната цел, а тоа опстанок. Со „Црвено-црните“ сега се на шестата позиција на табелата со реални шанси да го прескокнат и Гостивар кој се откажа од Првата лига и службено ќе ги загуби сите натпревари.
Струга од друга страна е четврт со 48 бода, десет повеќе од Вардар на шестата. Во натпреварот влегува со три нерешени натпревари во низа, додека Вардар од друга страна славеше на последните три средби, но е во серија и о 14 натпревари без пораз.
Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот.
Останатите натпревари од ова коло се играат утре во истиот термин:
Брера – Шкупи
Шкендија – Работнички
Тиквеш – Беса
Фото: F.C. Struga/FB