Вардар и Шкендија еден ден порано на „Петар Милошевски“ ќе го отворат 24. коло во ПМФЛ

by Стефан
1 минути читање

Во рамките од 24. коло во Првата фудбалска лига на програмата е и дербито помеѓу Вардар и Шкендија кој е единствен натпревар кој ќе се одигра в петок.

Вардар и Шкендија ќе го отворат колото на 14 март в петок од 15 часот. Вардар во овој момент е осми со 21 бод, додека Шкендија е лидер на тaбелата до 49 бода, четири повеќе од Силекс и ќе се обиде да го продолжи походот кон титулата.

Натпреварот ќе се игра на тренинг центарот, Петар Милошевски.

Останатите натпревари во Првата лига се закажани за в сабота од 15:00 часот:

Брера Струмица – Силекс
Беса – Струга
Шкупи – Пелистер
Тиквеш – Гостивар
Воска Спорт – Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани