Вардар ги започна подготовките за европското лето

by 24 фудбал
1 минути читање

Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар го означи стартот на летните подготовки и веднаш ги вклучи „моторите“ по кусата пауза. Одморот траеше едвај дваесетина дена, но со оглед на обврските што следуваат – сосема разбирливо.

Скопските „црвено-црни“ се меѓу четирите македонски претставници во европските купови и како и сите останати ќе стартуваат уште во првото квалификациско коло. Тоа значи дека сезоната за Вардар ќе почне уште во првата половина на јули.

Првата фаза од подготовките се одвива во тренинг-кампот во Хиподром, каде што под команда на Гоце Седлоски се одигра првиот собир. Тимот во наредните денови ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи и ќе влезе во ритам, а веќе на 13 јуни се патува за Словенија.

Базата ќе биде во Раденци, каде што Вардар ќе одигра четири контролни натпревари. Првиот тест е закажан за 17 јуни, на 21 јуни следи дуелот со Олимпија Љубљана, потоа на 24 јуни се игра против Рапид Букурешт, а подготовките ќе се заокружат со меч против Марибор на 28 јуни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани